Српскиот тренер, Синиша Михајловиќ и покрај тешката болест со која се бори, вчера ја предводеше својата Болоња на мечот против Верона (1-1). Тој на 13. јули објави дека боледува од леукемија, а пет дена подоцна почна со интензивен третман.
На крајот на мечот резултатот остана во втор план, а целиот стадион со оваации го испрати Србинот кој по 40 дена минати во болница, одлучил по секоја цена да го исполни ветувањето дадено на своите фудбалери, дека ќе ги предводи на првиот натпревар во новата сезона.
Ветив дека ќе бидам тука и тука сум. Некои можеби ќе кажат дека сум будала, но јас бев решен да го исполнам она што го ветив, изјавил Михајловиќ кој додал дека овие денови и борбата со болеста му биле исклучително тешки.
Bologna manager Sinisa Mihajlovic left the hospital after 40 days to be on the sidelines when his team face Hellas Verona today.
(via @DAZN_IT) pic.twitter.com/doIQBfLSMv
— Photos of Football (@photosofootball) August 25, 2019
Газета Дело Спорт јавува дека фудбалерите на Болоња не очекувале тој да се појави на стадионот во Верона, како и дека дел од нив почнале да плачат кога тој почнал да им зборува пред почетокот на мечот.
Весникот додава дека тој овие 40 дена ги минал во мала соба со постојан агресивен третман и 24-часовна лекарска грижа. Докторите се противеле и неколку пати го предупредиле Србинот дека е ризично да ја напушта болницата, но не можеле да го спречат во намерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.