Најскапото засилување на шпански Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, кој летово дојде за 126 милиони евра од лисабонска Бенфика имаше малерозно деби денеска и тоа по само 28 минути откако се повреди на пријателскиот меч со Нумансија.

Најголемиот португалски талент дојде да го замени бегалецот Ентоан Гризман, ама немаше многу среќа на стартот, па го повреди колкот за неполни половина час и мораше да го напушти теренот. Феликс се повреди по 17 минути игра, но продолжи со својот настап уште десет минути не оставајќи впечаток дека станува збор за нешто посериозно во тој момент.

Инаку на првиот меч Фелик играше како „десетка“, најави дека ќе биде добро решение за четата на Диего Симеоне, па сега треба да се сочекаат лекарските прегледи за да се утврди колкав период го очекува за евентуална пауза.

Извор: Спорт1.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.