Прославата на 32. шампионска титула на Црвена Звезда заврши неславно откако навивачите на „црвено-белите“ и нивните ривали навивачите на Партизан направија масовна тепачка во центарот на Белград. Најмалку седум лица се повредени, повеќе од 130 приведени.
Полицијата на крајот мораше да интервенира, а дел од полицајците во цивилка беа исто така нападнати од страна на „Делиите“ бидејќи мислеле дека се фанови на Партизан.
Дел од сведоците на настанот во изјава за српските медиуми велат дека синоќа во Белград било навистина опасно.„Спасувавме жива глава“, се само дел од коментарите на случајните минувачи кои се нашле во незгодна ситуација во борбата меѓу двете навивачки групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.