Алберто Марцази е еден од најпознатите цртачи на тетоважи во Италија, кој е голем љубител на фудбалот. Меѓу своите клиенти има познати имиња од фудалот како Даниеле Де Роси, Рикардо Калафиори, Андреа Пинамонти или Антоно Кандрева, а на неговиот Инстаграм профил, може да се забележат голем број дизајни со фудбалски мотиви, симболи на екипите, слики од легендарни италијански фудбалери и слично.

Сепак, деновиве, Марцази изненади со најновиот дизајн изработен на барање на еден клиент.

Познатиот артист на својата рака си истетовира приказ од најкоментираниот потег од финалето на ЕУРО 2020, кога Џорџо Киелини го потегна Букајо Сака за вратот за да спречи многу опасен контра-напад.

Нормално, кога ја заврши тетоважата, Марцази го сподели својот дизајн со остатокот од светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.