Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, потпиша нов едногодишен договор со шпанскиот прволигаш Леванте.

Андонова беше една од најзаслужните за успешната сезона на Леванте кој заврши на третото место во Ла Лига, веднаш зад Барселона и Реал Мадрид, со што тимот од Валенсија во следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Многу сум среќна што ќе ги бранам боите на овој клуб. Верувам во оваа група на фудбалери, следната сезона се надеваме на подобри резултати – порача Андонова по потпишувањето на договорот.

Андонова минатата сезона одигра вкупно 39 натревари во сите натпреврувања, на кои постигна осум голови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.