Борбениот Белгиец од средината на теренот, Раџа Наинголан не се снаоѓа најдобро во екипата на Интер каде пристигна летово, а по неколкуте повреди очигнедно и тој самиот си направил проблеми во клубот. Од „нероаѕурите“ вчера информираа дека тој ќе биде суспендиран на неодредено време.
Клубот од Милано вчера соопшти дека Белгиецот одредено време ќе биде во „аут“ поради дисциплински причини, за да потоа медиумите да објават дека тој неколку пати во низа доцнел на тренинзите минатата седмица, па клубот се одлучил да преземе конкретен чекор.
Наиголан требаше да биде големо засилување во средниот ред на Интер и да помогне во кампањата на тимот на Лигата на Шампиотните, но тимот од Милано веќе испадна од најелитното натпреварување, а Наиголан ни одбиску не ги оправда 38-те милиони евра кои беа потрошени за него. Затоа и покрај тоа што е само околу 6 месеци во тимот, како можна опција се споменува и негово заминување од Интер, доколку некој клуб понуди прифатлива понуда за него во зимскиот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.