Претседателот на Серија А, Паоло дел Пино предложи италијанската влада да им дозволи на навивачите кои се вакцинирани од коронавирус да присуствуваат на стадион.

Италија е една од земјите кои се најмногу погодени од пандемијата на Ковид и таму стадионите се уште се целосно празни.

Сметам дека навивачите кои примиле вакцина можат да бидат на стадион. До Владата доставивме план од 300 страни каде опишавме како публиката сигурно може да се врати на стадионите, секако со намален капацитет. Се надевам дека на тие кое се вакцинирани ќе им биде дозволено да гледаат фудбал во живо, изјави Дел Пино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.