Утре на Градскиот стадион во Скопје (20,45) е закажан квалификацискиот фудбалски натпревар за ЕП 2020 меѓу Македонија и Полска, а навивачите на гостите веќе ја имаа првата средба со полицијата.
Полските навивачи важат за едни од најголемите хулигани, а на скопскиот плоштад попладнево во едно од кафулињата направија хаос. Се степаа меѓусебе, а полицијата мораше да ги раздвојува. Четворица од нив се приведени.
Дел од нив завршија во притвор. Погледнете што се случуваше денеска од видеото на колегите од Клан телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.