Целосно извршена вакцинација против корона вирусот ќе биде задолжителен услов за странските навивачи на Светското првенството во фудбал што идната година ќе се одржи во Катар.

Катарскиот премиер шеик Калид бин Калифа бин Абдулазиз АлТани соопшти дека оваа заливска држава ќе се обиде да обезбеди еден милион дози вакцини за навивачите, кои сакаат да присуствуваат на Мундијалот.

Катар нема да им дозволи на навивачите да влезат на стадионите без да бидат целосно вакцинирани против вирусот. Во моментов преговараме со компанија за обезбедување еден милион дози вакцини против корона вирусот за имунизација на луѓето кои ќе дојдат на турнир – најави Ал Тани.

Катар од почетокот на пандемијата на корона вирусот регистрираше 585 смртни случаи и 220.000 заразени.

Катар ќе биде првата блискоисточна држава во историјата која ќе биде домаќин на едно Светско првенство во фудбал. Мундијалот треба да почне на 21 ноември 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.