Трагедија денеска денеска ја потресе јавноста кај северниот сосед откако младиот 19-годишен фудбалер, Стефан Тодоровиќ починал на теренот на пријателски меч помеѓу аматерските екипи Слога и Јухор.

Момчето ненадејно паднало на тревникот, присутните се обиделе да му помогнат, но залудно.

Наеднаш се сруши на теренот и сите се стрчаа да му помогнат. Меѓу првите беше капитенот на домашната екипа, голманот Здравковиќ, кој инаку е полицаец. Му го извадија јазикот за да може да дише, и навистина на момент се освести, но само за кратко. Потоа пристигна и Брзата помош, но ништо не можеше да се направи, изјавил тренерот на ФК Јухор.

Тодоровиќ давал знаци на живот, но за жал не издржал до пристигнувањето на брзата помош. Причините за смртта ќе бидат познати по обдукцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.