Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, кој го постигна победничкиот гол на гостувањето кај Виљареал во Лигата на шампионите (2:0), ги сподели своите впечатоци од натпреварот.
– Да се игра во Шпанија е секогаш одлично, а да се победи е неверојатно. Мило ми е што постигнав гол во земјата во која отсекогаш се чувствував посебно. Честитки за момците за големата победа, благодарение на која завршивме онаму каде што треба да бидеме. Ние сме Манчестер јунајтед и никогаш нема да престанеме да се бориме за нашиот клуб! Само напред, ѓаволи! – напиша Роналдо.
Манчестер јунајтед на едно коло пред крајот го обезбеди првото во Ф-групата во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.