Пред точно 19 години Бекам го постигна најпознатиот и најважниот гол во кариерата. Секако, голот падна од слободен удар.

Англија го играше последното коло во квалификациите за СП 2002 против Грција на „Олд Трафорд“. Во пресрет на мечот, Англија и Германија беа изедначени на табелата со подобра позиција за Англичаните, поради што беа во водство. Сè што им требаше беше победа на домашен терен против Грција.

Сепак, работите не одеа според планираното. Харистеа ги доведе Грците во водство, а на средината на второто полувреме Шерингем израмни. Само една минута подоцна, Николаидис им ја врати предноста на гостите и Англичаните се најдоа во големи проблеми. Во исто време, Германија имаше 0:0 на домашен терен против Финска, што ги носеше директно на Светското првенство. На Англичаните им требаше чудо и го добија во 93-та минута.

Беше досуден слободен удар за Англичаните на 30 метри од грчкиот гол. Топката ја презеде Дејвид Бекам, а останатото е историја.

Англичаните освоија бод со кој завршија први во групата и заминаа директно на Светското првенство. Таму се пласираа во четвртфиналето, каде беа нокаутирани од подоцна шампионот Бразил кога Роналдињо му даде гол на Симан скоро од центарот на теренот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.