Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) утврди дека на 14 март во Скопје ќе се одржи Генералното собрание на кое ќе се бира претседател на Федерацијата.

Терминот за одржување на изборното собрание е обелоденет ден по средбата на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини со првиот човек на Европската фудбалска асоцијација ((УЕФА) Александар Чеферин.

По вчерашната посета на Сејдини на Нион, ФФМ соопшти дека УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборно собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание.

Засега е познато дека Сејдини ќе се кандидира за втор мандат, откако неодамна едногласно беше поддржан од Општинскиот фудбалски сојуз на Кичево.

Сејдини е на чело на ФФМ од март 2019 кога на Изборното собрание во Охрид го наследи на должноста Илчо Ѓорѓиоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.