Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, доби плакета од Министерството за внатрешни работи (МВР), кое му беше доделено од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски.

Доделената плакета е за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес на БЈБ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Голема благодарност до директорот на БЈБ за доделената плакета. Кога ќе добиете признание од голем човек и уште поголем професионалец, а најважно од сѐ долгогодишен другар задоволството е преголемо – напиша Ангеловски на социјалните мрежи.

При доделувањето на признанието, индикативно е што на доделената плакета е сменето името на ФФМ, односно на неа е додадена придавката „Северна“, нешто што беше причина за реакција на грчките политичари и медиуми за време на настапот на Македонија на ЕУРО 2020.

Барање за преименување дојде и од премиерот Зоран Заев, кој напомена дека тоа мора да се случи според Преспанскиот договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.