Од МВР информираат дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од Лигата на Нации помеѓу репрезентациите нс Македонија и Косово.

Дуелот треба да се игра на 8 октомври на Националната арена во Скопје.

МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците. Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. Ја информираме јавноста дека во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид-19 – велат од МВР.

На натпреварот не е дозволено присуство на публика. Истовремено, од МВР  апелираат до граѓаните да не се организира заедничко следење на натпреварот како заштита од ширење на Ковид-19.

Од полицијата информираат дека Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржале средби со навивачките групи и апелираат до нив да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.