Македонскиот стопер Висар Муслиу водеше многу борба во одбраната со противничките фудбалери, но за жал, не успеавме да запишеме добар резултат. Тој призна дека не делувале на нивото на кое очекувале, но од друга страна Австрија наметна жестоко темпо, агресивна игра по која не се снајдовме.

Почнавме малку емотивно. Противникот даде еден гол, потоа се вративме и беше добро се до оној втор гол, една мала деконцентрација во првата наша зона и противникот казни. Генерално не беше она ниво што ние го очекувавме. Да ги искористевме оние полушанси мислам да дадевме втор гол тогаш се ќе беше на наша страна. Сепак, имаме уште шанси да ја поминеме групата. Треба психички да се подготвиме, а ги најдеме слабите страни на Украина и со подобра игра да победиме, вели Муслиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.