Жозе Мурињо за прв пат по отказот од Манчестер Јунајтед деновиве даде опширно интервју за британски „Телеграф“, во кое покрај тоа што направи една мала ретроспектива за сето она што го доживеа во секој голем клуб кој го водеше во изминативе десетина години, даде и неколку коментари за сите актуелни случувања во светскиот фудбал.
Мурињо отсекогаш важел за еден од тренерите кои предизвикуваат најголем медиумски публицитет и во последно време знаеше да додбива жестоки напади од јавноста во Англија, па доста често се жалеше и за неправилен и несоодветен третман од страна на новинарите кои обично се доста поблаги кон останатите тренери. Португалецот за пример го зема последниот невкусен гест на Чоло Симеоне, порачувајќи дека не може ниту да замисли какви коментари ќе добие ако тој некогаш направи такво нешто.
Дали можете да замислите како јас го правам тоа што го направи Симеоне? Дали може да замислите што ќе се случи, какви последици ќе има тоа врз мене? Истото важи и за тоа што го направи Покетино со Дин. Јас добивам поинаков третман од медиумите, а навистина не знам зошто е тоа така, изјавил Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.