Доаѓањето на Жозе Мурињо во Рома беше најавено како обид да се направат промени во клубот, кој лани заврши на седмото место во Серија А, со речиси 30 бодови заостанување зад шампиоот Интер.

Португалскиот стручњак од старт почна да ги оправдува таквите очекувања, а освен промената на играчкиот кадар, тој воведе и револуционерни методи во тренажниот процес.

Мурињо одлучи да воведе уптреба на најсовремена технологија со цел да им се овозможи на фудбалерите што побрзо да напредуваат и да ги прифатат неговите замисли. За таа цел, Мурињо на тренинзите ќе употребува дронови кои ќе ги снимаат сите движење на фудбалерите и во реално време ќе ги прикажуваат смимките на голем видео-екран поставен во тренинг-центарот на Рома.

На тие снимки, секој фудбалер ќе може да ги увиди и исправи своите грешки за време на тренинзите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.