Само еден ден откако Манчестер Јунајтед го отпушти поради лошите резултати, Жозе Мурињо веќе најде нова работа, тврди „Ел паис“. Според шпанскиот весник, тренерот добил понуда ова лето да биде ангажиран во Реал Мадрид и дека претседателот на клубот Флорентино Перез е решен да го врати во Шпанија.
Тој верува дека Португалецот има личност и лидерска способност која одговара на клубските амбиции, пишува весникот.
Реал сака да го доведе Мурињо од 1 јули, затоа што ако потпишат договор пред тој датум, ќе треба да му исплатат на Манчестер Јунајтед пет милиони евра.
Генералниот менаџер уште во октомври разговарал со Мурињо за неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.