Жозе Мурињо најави дека би можел да преземе клуб од Бундеслигата, а поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед откри дека во моментов учи германски јазик. Португалецот беше поврзуван со екипите на Бенфика, Лион и Њукасл, но можно е тој да ја избере Бундеслигата како следен негов предизвик.

Сега учам германски. Бундеслига? Учам германски, бидејќи не го зборувам. Знам англиски, шпански, португалски, француски и италијански јазик. Но не исклучувам ништо, дури ни Германија, рече Португалецот во интервју за „Газета дело Спорт“.

Откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во декември минатата година, Мурињо работи како аналитичар, но сега сака да се врати на тренерската професија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.