Рома вчеравечер го совлада Монтекатини со 10:0, на првиот натпревар на тимот под водство на новиот тренер Жозе Мурињо.

Хет-трик постигна напаѓачот Борха Мајорал. Останатите голови ги постигнаа Карлес Перез, Џанлука Манчини, Рикардо Калафиори, Николо Ѕаноло, Никола Залевски и Амадо Диавара. Исто така, еден гол (автогол) постигна противнички играч.

Назначувањето на Мурињо за главен тренер на Рома стана познато на 4 мај. Договорот важи до летото 2024 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.