Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вели дека имал само добри намери за Антони Марсијал и се надева дека на виделине ќе излезе целиот негов потенцијал.

Тие имаа проблеми во меѓусебниот однос, кои Португалецот ги спореди со оние кои ги имаше и со Карим Бензема за време на неговиот престој во Реал Мадрид пред неколку години.

Не би го нарекол тоа со Карим конфликт. Јас се однесував лошо со него, со идејата да му помогнам. Сакав овој исклучително талентиран фудбалер да го смени неговото однесување со цел да го покаже својот максимум – да биде „убиец“, самоуверен стрелец. Навистина уживав во работата со Бензема. Марсијал е момче од друга природа. Јас многу се надевам дека ќе го достигне нивото кое е во склад со неговиот огромен потенцијал, изјавил Специјалниот за „Екип“.

Францускиот фудбалер не забележа добри настапи ниту под полката на Оле Гунар Солскјер, завршувајќи ја сезоната со 10 гола и 3 асистенции на сите натпреварувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.