Португалскиот фудбалски тренер, Жозе Мурињо, откри дека причината поради која прифатил да седне на клупата на италијанскиот прволигаш, Рома, била тоа што почувствувал дека сопствениците на клубот имаа биле искрени и објективни во разговорите со него.
Штом добив отказ во Тотенхем, веднаш ми се јавија новите сопственици на Рома (Дан и Рајан Фредкин). Во разговорот со нив сфатив дека силно ме посакуваат на клупата на Рома. Тие беа свесни дека нивното доаѓање во Рома е нешто сосема ново во нивните животи и оти им е потребен некој со големо искуство – изјави Мурињо за италијанските медиуми.
Мурињо објаснува дека во текот на кариерата правел грешки и бирал погрешни проекти, поради тоа што луѓето со кои преговарал биле неискрени.
Во Манчестер јунајтед дојдов кога клубот беше во процес на транзиција, а потоа го презедов Тотенхем, кој со години немаше вистински успеси. Но, кога е во прашање Рома ми се допадна пристапот на сопственици на клубот и без многу размислување веднаш ја прифатив понудата. Сега ме чека уште една „невозможна мисија“, бидејќи, кога јас сум во прашање, луѓето мислат дека сум успешен само додека победувам. Но, оваа работа повторно ја разбуди страста во мене – вели Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.