УЕФА како и секојпат ги скрати по групи сите квалификувани тимови, па македонските екипи во третата рунда ги чекаат пеколни гиганти од екс-европскиот првак Селтик преку ланскиот финалист во ЛШ со Жозе Мурињо на клупата Тотнем, па се до Легија, кипарски АПОЕЛ, белгиски Стандард Лиеж…
Ако ништо друго, бидејќи со третото коло ќе имаат улога на аутсајдери, а според распоредот претешка ќе биде задачата да се стигне до плејофот во второто по ранг натпреварување, за Ренова, Шкендија и Силекс, денешната ждрепка може да биде мотивација плус во пресметките во второто коло, зашто на мегдан може да излезат со навистина големи имиња од европскиот фудбал.
Ренова за трето коло ќе се бори со сплитски Хајдук, кој на хартија е фаворит, но одамна „билите“ се далеку и од хрватскиот крем, а ако „гипсарите“ направат ново изненадување (овојпат играат дома) четири потенцијални ривали им се на мени – чешка Викторија Плзен, софиска ЦСКА или БАТЕ Борисов, кипарски АПОЕЛ кој е голем фаворит против казахстански Каисар во второто коло, како и џекпотот Галатасарај, кој се соочува со Нефчи во втората рунда, клуб кој го елиминира Шкупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.