Жозе Мурињо на никому не останал должен, па така ниту Оле Гунар Солшер не може да се спаси од неговите опасни коментари.

Менаџерот на Манчестер јунајтед вчера го пецна Португалецот со интересна изјава, откако Брајтон дури пет пати ја погоди рамката од голот на „ѓаволите“.

Среќа што не беше тука Мурињо да ги измери стативите, инаку ќе бевме во неволја“, рече Солшер алудирајќи на она што се случуваше пред мечот помеѓу Шкендија и Тотнем во Скопје, кога Мурињо побара да бидат подесени стативите на арената „Тодор Проески“.

Мислам дека не мора да се грижи за големината на голот, туку за големината на шеснаесетникот… тој не игра во казнен простор од 16 метри, туку од 20 метри“, одговори Мурињо на провокацијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.