Третолигашот од Кочани, Осогово е апсолутен хит на Балканот, по испратената „понуда“ кон фудбалскиот стручњак, Жозе Мурињо. Тие преку Твитер налог го поканија ексменаџерот на „ѓаволите“ да дојде во Кочани и да го води нивниот тим.
Како што истакна генералниот секретар на Осоговор, Симеончо Стоиков, клубот испратил и официјален мејл кон неговиот фудбалски агент, Жорже Мендеш.
#JoseMourinho come to us! You have nothing to lose, of course we are champions, at least you will learn Macedonian language! #TheSpecialOne #osogovo #FootballLeaks
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) December 19, 2018
„Официјално преку мејл го контактиравме фудбалскиот агент на Мурињо, господинот Жорже Мендеш и сега очекуваме одговор дали ќе ни врати. Ние се надеваме дека Мурињо ќе прифати. Ако не верувавме дека ќе прифати, немаше да му испратиме понуда. Имаме средства. Во таа насока, нашата управа преговара со неколку странски и домашни компании, со цел да се зголему буџетот за пролетниот дел од сезоната. Би го научил македонскиот јазик, би ги запознал убавините на Кочани“, рече Стоиков во разговор за 1 ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.