Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто, Жозе Мурињо беше осуден на 12 месеци затвор, објавија шпанските власти. Португалецот се изјаснил за виновни за даночни измами и ќе мора да плати парична казна од 2,2 милиони евра, пренесе „Марка“.
Пресудата е дел од договорот што Мурињо го постигна со шпанските обвинители пред извесно време. Кристијано Роналдо, кој исто така плати многу поголема сума – 17 милиони евра, делуваше на сличен начин.
Сепак, Мурињо нема да помине време зад решетките, бидејќи според шпанскиот закон, казната не може да биде ефективна, ако е за помалку од 24 месеци.
Португалецот беше обвинет за присвојување на сума од 3,3 милиони евра. Стратегот не ги објавил парите од имиџ правата пред даночните власти за време на сезоната 2011/2012 кога бил менаџер на Реал Мадрид.
Според медиумите во Шпанија, Мурињо денес се појавил на суд, каде што ја признал својата вина и ја чул својата казна
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.