Францускиот фудбалски тренер, Арсен Венгер, е меѓу кандидатите за преземање на репрезентацијата на Швајцарија.

Поранешниот тренер на Арсенал е надвор од работа во фудбалот веќе три години, откако во 2018 година го напушти лондонскиот премиерлигаш и неколку пати одби добри понуди.

Седумдесет и едногодишниот тренер во моментов е претседател на Глобалниот фудбалски развој во ФИФА.

Според медиумите, претстојното Светско првенство во Катар, што ќе се игра во ноември и декември во 2022 година, може да биде мотивација Венгер да се врати на тренерската работа.

Швајцарците досега ги предводеше Владимир Петковиќ, но српскиот тренер одлучи во иднина да биде шеф на стручниот штаб на францускиот прволигаш Бордо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.