Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини, не беше со тимот поради коронавирус на гостувањето во Германија, но ја прослави победата (1-2).

Претседателот на ФФМ испрати кратка порака со честитки, во која потенцира дека оваа генерација е најдобра во историјата.

„Најдобрата генерација во историјата на Македонскиот фудбал!!! Секоја чест момци!!! Напред Македонија“, гласи пораката на Сејдини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.