Златан Ибрахимовиќ е на мета на јавноста откако беше откриено дека во 2011 година во Јужна Африка во 2011 година убил лав, а потоа ги увезил кожата, черепот и вилицата на животното во Шведска како трофеј.
Приказната ја откри шведски „Експресен“, кој пишува дека фудбалерот добил дозвола за лов, а потоа, неполна година подоцна, пукал и убил машки африкански лав во дивината.
Тоа е животно кое официјално се смета за загрозено, но ловот на лав е легален во Јужна Африка доколку се добијат потребните дозволи.
„Експресен“ пишува дека Ибрахимовиќ всушност застрелал лав кој живеел во заробеништво повеќе од една година пред да биде ослободен во дивината.
Самиот фудбалер не сакаше да одговори на прашањата на новинарите за неговиот „трофеј“.
Сетете се дека дека Ибрахимовиќ има истетовиран лав кој рика на грбот, забележува „Дејли Меил“.
Српските медиуми, пак, потсетуваат дека јавна тајна е дека Ибрахимовиќ е страствен ловец.
Неодамна купил голем имот во Шведска поради лов и риболов, а сакал да дојде на лов и во Србија.
Со Златан од секогаш било интересно. Сака лов. Еднаш ми рече: „Слушнав дека има волци во Србија, среди ми“. Тогаш организиравме да оди да лови во Македонија, открил српскиот фудбалер Немања Матиќ во едно интервју кое го дал за „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.