Околу 30-тина украински фудбалски навивачи Десна од Чернихив го нападнаа директорот на стадионот „Гагарин“, Олександр Овчаренко. Овчаренко неодамна стана директор на стадионот на кој игра Десна и наводно сакал да му забрани на тој клуб да игра на стадионот.

Таа вест ги разбесне навивачите на клубот кои ја презеле работата во свои раце, па одлучиле Овчаренко малку да го „повозат“ во контејнер низ улиците на градот.

По овој сериозен инцидент веројатно ќе има последици за сторителите, а самиот Овчаренко веројатно и тоа како ќе ја преиспита одлуката Десна повеќе да не игра на стадионот Гагарин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.