Игор Ангеловски ќе остане да ја предводи македонската репрезентација на Европското првенство кое годинава ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. Тој имаше договор до ноември годинава, но по денешната средба со челниците од ФФМ, тие начелно постигнале договор.
Тој ќе се официјализира во наредните денови, откако ќе бидат утврдени сите детали. Ангеловски јавно кажа дека ќе ги прифати сите услови само да ја води Македонија онаму каде што ја однесе за прв пат, што значи не би требало да постојат пречки за неговото официјализирање.
На 45 средби, Македонија под негово водство има најдобар скор од 20 победи, 10 нерешени и 15 порази, што го прави најуспешен селектор во историјата.
Фудбалерите во моментов се подготвуваат за претстојните два евроквалификациски предизвици со Полска (7 јуни) и со Австрија (10 јуни), двете во Скопје.
Од понеделник репрезентацијата ќе биде комплетна и ќе ја има завршната фаза од погдотовките за ЕП. Македонија на Европското првенство се наоѓа во група со Австрија, Украина и Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.