Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А доколку не се откаже од учество во европската Супер лига, најави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.
Јувентус, заедно со Реал Мадрид и Барселона, се единствените три екипи што останаа доследни на новото натпреварување од кое експресно се откажаа другите девет основачи – Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид.
– Правилата се јасни. Доколку Јувентус и натаму биде дел од Суперлигата кога ќе започне следната сезона, клубот веќе нема да може да учествува во Серија А, порача челникот на италијанскиот фудбал.
– Ќе ми биде жал за навивачите, но правилата се правила и тие се однесуваат на сите, додаде Гравина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.