Алваро Мората е пред враќање во шпанската Ла Лига, откако англиските медиуми открија дека тој веќе ги договорил сите детали околу преминувањето во редовите на Атлетико Мадрид. Ова ќе отвори простор за веќе долго најавуваниот трансфер на Гонзало Игуаин во Чесли, за кој исто така медиумите пишуваат дека ги договорил деталите со лондонскиот клуб.
Моментално шпанскиот клуб и Челси преговараат околу обештетувањето на Мората кој не се прослави во синиот дрес изминативе 18 месеци. Челси во летото 2017 година плати рекордни 60 милиони фунти за Шпанецот, но тој не успеа да ја повтори формата од Јувентус.
Милан пак ќе остане без еден напаѓач по овие зделки, а се очекува како замена на Игуаин на „Сан Сиро“ да пристигне Криштоф Пјатек од Џенова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.