Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората, вчера беше и официјално претставен како најзвучно зимско засилување на Атлетико Мадрид, трансфер кој предизвика и големо разочарување во белиот дел од Мадрид бидејќи тој мина години во академијата на Реал.
Сепак, малкумина знаеја дека Мората всушност потекнува од младинската школа на Атлетико, а сега за да ја оправда својата љубов кон „Атлети“, Алваро сподели една фотографија од своето детство на кое се гледа дека е облечен во црвено-белиот дрес.
Илузијата на едно дете…., порача Мората на социјалните мрежи, а во ексклузивното интервју за Атлетико Мадрид додаде дека се уште го чува маркерот од деновите кога бил собирач на топки на „Висенте Калдерон“.
Con la ilusión de un niño… 🔴⚪️🔴 #AupaAtleti pic.twitter.com/pgfDDkl6Sj
— Álvaro Morata (@AlvaroMorata) January 28, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.