Монако е подготвен да понуди 60 – 65 милиони евра плус бонуси за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, пренесува „Фудбал Италија“. Клубот од Кнежеството за играчот планира петгодишниот договор со плата од 12 милиони евра по сезона.

Дваесет и шестгодишниот Аргентинец би сакал да се пресели во Јувентус, но засега има понуда само од Наполи.

Интер веќе подолг период се обидува да го продаде играчот, но сето тоа зависи од желбите на Икарди и неговата сопруга и агентот Ванда Нара.

Минатата сезона Икарди настапи на 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и оствари пет асистенции. Тој има актуелен договор со „неро-азурите“ до 30 јуни 2021 година.

Според Transfermarkt, вредноста на Аргентинецот на фудбалскиот пазар во моментов е 80 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.