Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се наоѓа во серија лоши резултати, во последните две кола освои само 1 бод, па поради тоа се случил бурен состанок во тренинг центарот на клубот, јавуваат шпанските медиуми.
Според информациите, најмногу зборувале капитенот Серхио Рамос, Хрватот Лука Модриќ и голгетерот Карим Бензема. Тие им порачале на соиграчите дека е крајно време сериозно да ја разберат позицијата, да го задржат единството и да не изгледаат изгубено на теренот.
Најголема самокритичност покажал левиот бек Марсело, кој пред сите признал дека е далеку од идеалната форма.
Говорот на тројцата најбурни траел околу половина час, а завршил со паролата: „Кој не може да гине за клубот, нека си оди“.
По 18 одиграни кола во Примера, Реал Мадрид се наоѓа на петтата позиција на табелата со 30 бодови, 10 помалку од водечката Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.