Репрезентацијата на Хрватска доживеаја елиминација во осминафиналето на Европското првенство од Шпанија, откако по продолженија загубија со убедливи 5-3 (3-3).
По поразот, разочаран беше капитенот и најдобар играч на Хрватска, Лука Модриќ.
„Поведовме од среќен гол, а потоа тие беа подобри, барем во првите 60 минути. Стоевме предлабоко во нашата половина и ги оставивме да играме. Кога почнавме да напаѓаме повеќе, заигравме и подобро, а со тоа правевме шанси и така дојдовме до израмнувањето. Покажавме зрелост, карактер и квалитет. На стартот од продолженијата ги држевме в рака, но не реализиравме две добри шанси. Тогаш натпреварот се сврте и немавме повеќе сили да се вратиме“, смета Модриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.