Носителот на „Златната топка” и на наградата за фудбалер на годината на ФИФА, Лука Модриќ беше прогласен за Спортист на Балканот во 46-то издание на анкетата на Бугарската телеграфска агенција за 2018 година. Во традиционалното гласање учествувале националните агенции на земјите од регионот.
Модриќ, кој стана европски и светски клупски шампион со Реал Мадрид и и помогна на Хрватска да стигне до финалето на Светското првенство во фудбал во Русија, добил 75 поени, а зад него остана со 73 поени, светскиот тениски рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ е петкратен победник на изборот. Тој доминираше во периоот од 2011 до 2015 година. Најдобрата тенисерка, пак, Симона Халеп од Романија се најде на третото место со 65 поени. Од македонските спористи, најдобар пласман имаше фудбалскиот репрезнетативец Езџан Алиоски кој со 5 освоени поени остна на делба на 17. место, додека Кирил Лазаров освои 3 поени и остана на делба на 21. позиција.
- Лука Модриќ (Хрватска, фудбал) – 75 поени
- Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) – 73
- Симона Халеп (Романија, тенис) – 65
- Елефтериос Петруниас (Грција, гимнастика) – 46
- Марин Чилиќ (Хрватска, тенис) – 36
- Сандра Перковиќ ( Хрватска, атлетика) – 33
- Тијана Бошковиќ (Србија, одбојка) – 25
- Тајбе Јусеин (Бугарија, борење) – 20
- Рами Гулиев (Турција, атлетика) – 18
- Катерина Стефаниди (Грција, атлетика ) – 15
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.