Британски „Сан“ спроведе анкета меѓу навивачите на Манчестер јунајтед за можното разрешување на тренерот Оле Гунар Солскјер. Според резултатите, 64,4 отсто од навивачите сакаат заминување на 46-годишниот Норвежанец. Останатите 35,6 проценти од испитаниците му дадоа поддршка на тренерот.
Во истражувањето учествувале 4.400 фанови на Јунајтед.
Претходно, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ изрази поддршка за Солскјер.
По осум кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед има само девет бода или два повеќе од екипите кои се наоѓаат во зоната на испаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.