Тимот на Бешикташ синоќа го прегази Ризеспор на гостински терен со 2-7, а во одличниот настап на гостите блесна младиот турски напаѓач Ѓувен Јалчин кој откако влезе во игра за само 20 минути успеа да постигне хет-трик.
Домагој Вида и Адем Љајиќ ги доведоа гостите во рано водство, за Мурики го постави конечниот резултат на полувреме (1-2). Бурак Јилмаз зголеми на 1-3 за домаќините да намалат на 2-3, пред младиот Јалчин да влезе во игра. Тој првиот гол го постигна само 2 минути откако влезе во игра, а Љајиќ за кратко зголеми на 2-5.
Последните два гола на мечот ги постигна Јалчин, а интересна беше ситуацијта по последниот гол кога по еден удар од 20-тина метри, тој буквално ја скина мрежата на противникот, па судијата мораше да го проверува голот преку ВАР системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.