Тодороски е поранешен фудбалер на Вардар, кој уште пред две години си замина од црвено-црните и потпиша за Осиек, каде прво играше за Б-тимот, а потоа одигра и неколку меча за првиот тим, но овој клуб не смета премногу на него, па Шибеник беше најупорен да го донесе и сега тоа го оствари.
Осиек не се откажува од Тодороски и во него гледа светла иднина, но во моментов предност имаат поискусни фудбалери, па затоа сега и го дава на заем во Шибеник, за да има минутажа, ама и да им биде на око за да го следат неговиот фудбалски развој.
Тодороски е стандарден десен бек и првотимец во младата македонска репрезентација до 21 година, предводена од Благоја Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.