Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено 2:2 против Словачка во рамки на вториот натпревар на меѓународниот „Анталија Куп 2021“.

По воведниот пораз против Казахстан од 2:1, избраниците на селекторот Благоја Милевски попладнево испуштија шанса за премиерната победа, откако примија два гола во завршните 15-ина минути.

Македонскиот состав поведе преку Дарко Чурлинов во 24 минута, а Мартин Радуловиќ Величковиќ ја удвои предноста во 54 минута.

Во завршните 30 минути уследи голем пад во играта на „црвено-жолтите“, што Словаците го искористија и најпрво во 76 ја преполовија негативата, а со автоголот на Радуловиќ Величковиќ во 89 минута стигнаа до бод.

МАКЕДОНИЈА: Давид Денковски, Филип Антовски, Марио Младеновски, Александар Ѓурковски, Агон Елези, Енес Фазлагиќ, Дарко Чурлинов, Марио Илиевски, Филип Алексовски, Јакуп Бериша, Томче Гроздановски;



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.