Фудбалерот на младата екипа на италијанскиот прволигаш Лацио, 19-годишниот Даниел Гуерини загинал во сообраќајна несреќа што се случила во средата вечер во јужно предградие на Рим.

Сите во клубот сме во шок и болка. На семејството на младиот Даниел Гуерини му изразуваме најдлабоко сочувство – соопштија од клубот.

Според извештаите во италијанските медиуми, несреќата се случила поради неприспособена брзина, откако Гуерини управувајќи со возилото удрил во друг автомобил управуван од 68-годишен маж.

Гуерини дојде во Лацио во јануари, а претходно во кариерата настапуваше за Торино, СПАЛ и Фиорентина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.