Фудбалскиот супер-агент, Мино Риаола изјави дека не бил изненаден од санкцијата што ја добил. Тој нема да може да работи и да прави транфери на фудбалерите кои се негови клиенти следните 3 месеци. Неговата казна беше изречена од италијанската фудбалска федерација, а причината не беше јавно објавена.
За жал, тоа не ме изненади. Сметам дека ова е политичка одлука спроведена спротивно на законот. Причините се темелат на лаги. Се надевам дека правдата ќе триумфира, изјавил Риаола.
Се верува дека Фудбалската федерација на Италија ја презела оваа мерка поради критиката на агентот кон асоцијацијата, насочени кон политиката при манифестација на расизам.
Ќе се борам за правда и за слобода на говорот. Ќе се борам за моите права во согласност со законот. Ситуацијата нема да влијае на играчите што ги претставувам, додаде Риаола.
Меѓу клиентите на Риаола се Пол Погба, Матаис де Лихт, Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели и Лоренцо Инсиние.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.