Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го одреди списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот натпревар против Фарски Острови од квалификацискиот циклус за ЕП 2021 година.
За дуелот кој се игра на 10-ти септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Милевски повика 25 фудбалери, меѓу нив дебитанти ќе бидат Томче Гроздановски од Злате Моравце и голманот на Академија Пандев, Давид Денковски.
Во овој состав се 17 играчи од последниот натпревар со Финска, тоа што го видовме на тој контролен дуел ни даде слика дека имаме квалитет и потенцијал. Тоа се фудбалери на кои најмногу ќе сметаме во овој циклус. За жал не може да сметаме на повредените Дејан Миловановиќ (Академија Пандев) и Ениз Фазлагиќ (Жилина), но се надевам дека брзо ќе се опорават и ќе се стават на располагање на клубовите и репрезентацијата, изјави Милевски, цитиран од сајтот на ФФМ.
Според него, ова е најдоброто од младата селекција на Македонија во моментов, а потенцираше дека Фарски Острови воопшто не е наивна селекција и ќе треба максимално да се потрудиме за да ја совладаме.
Фарски Острови мене, според играта, многу ми наликуваат на Исланд. Според начинот на игра физичките предиспозиции. Јасно е дека ако сакаме позитивен резултат, мора да се потрудиме да дадеме максимум и да бидеме на највисокото ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.