Повеќе германски медиуми јавија дека ѕвездата на Баерн, Томас Милер е спремен да го напушти Минхен поради нарушениот однос со тренерот Нико Ковач. Човекот кој цела кариера ја помина во Баерн и освои речиси се што можеше да се освои, не крие дека е разочаран од третманот кај тренерот Ковач и е спремен уште во јануари да ја промени средината.

„Билд“ пренесува дека Интер е сериозно заинтересиран да го донесе во своите редови токму како замена за Иван Перишиќ кој летово им се придружи на „баварците“.

Апсолутно не сум задоволен од ситуацијата. Јас имам 30 години и премногу сум амбициозен за да седам на клупа, призна Милер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.