Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер може да се врати во германската репрезентација.
Според „Билд“ селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев е заинтересиран за враќање на 31-годишниот играч. Тренерот веќе го повикал Милер и му кажал за неговите планови.
Во март 2019 година, Лев објави дека повеќе нема да ги повикува Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.
Милер оваа сезона одигра 44 натпревари на сите натпреварувања, постигна 15 гола и направи 18 асистенции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.