Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по синоќешната победа над Лацио со 3:2, рече дека е горд на своите избраници.
– Ние секогаш се обидуваме да победиме, го сторивме тоа и со Лацио, јас сум многу среќен. Горд сум на тимот, тие прават нешто неверојатно. Лацио е вешт и физички моќен тим, но имавме шанси и ги реализиравме. Противниците играа многу агресивно, нашите играчи од средниот ред мораа да работат напорно. Ние го сторивме тоа што требаше да го направиме на толку тежок натпревар , истакна Пиоли.
Милан по 14 одиграни кола е прв на табелата во Серија А со еден бод предност во однос на второпласираниот Интер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.