Mилан влезе во групите во Лигата на Европа на најдраматичен можен начин. Италијанскиот гигант го елиминираше Рио Аве по 24 пенали! Во регуларното време натпреварот заврши 1:1, а Португалците водеа до самиот крај на продолженијата, но нивниот играч направи пенал, од кој израмни Хакан Чалханоглу.

При пеналите, домаќините трипати не успеаја да решат сè во нивна корист и беа казнети. Двата тима комплетираа вкупно 24 пенали, од кои последниот го одбрани Џанлуиџи Донарума, а навивачите на Милан можат да здивнат

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.